Vrabotuvanje.com - Кои се Rhomberg Sersa Rail Group?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кои се Rhomberg Sersa Rail Group?

Кои се Rhomberg Sersa Rail Group?

Rhomberg Sersa Rail Group  е компанија на железнички инженерски услуги, присутна во 7 земји, која нуди широк спектар на железничка конструкција, инфраструктура и услужни производи ширум светот. Повеќе од 2500 вработени и над 150 годишно искуство ја прават Rhomberg Sersa железничка групација која е водечки иноватор на железнички решенија во Европа.

Како водечка меѓународна компанија за железничка технологија, свесни сме за нашата одговорност кон луѓето, како и кон ресурсите и животната средина. Впрочем, железницата е нашиот најбезбеден и најеколошки начин на транспорт, а со тоа и решение за мобилност на иднината. Затоа правиме сé што можеме за постојано оптимизирање на железничката инфраструктура вклучувајќи иновативни концепти, квалитетни решенија и употреба на најсовремени технологии. Ние сме „партнер по избор“ кога станува збор за воспоставување железница како решение за мобилност на иднината: рака под рака со нашите клиенти, дејствуваме сигурно и одржливо, со задржан фокус на луѓето и на природата. Постојано создаваме поефикасна, побезбедна и поатрактивна инфраструктура, со што ја зајакнуваме пазарната позиција на компанијата.

За нашите тимови во Швајцарија, Австрија и Германија бараме нови колеги кои ќе бидат дел од нашето големо семејство!

Во продолжение погледнете ги сите слободни позиции на оваа компанија:

Railway Site Supervisor - Senior and junior (m/f/x), ЛИНК ЗА АПЛИКАЦИЈА

Excavator Operator (m/f/x)ЛИНК ЗА АПЛИКАЦИЈА

Electrician - Senior and junior (m/f/x)ЛИНК ЗА АПЛИКАЦИЈА

  • искуство со водење на тим
  • добри вештини за комуникација и преговарање
  • големо внимание на деталите и сигурноста
  • економично и претприемачко размислување
  • желба да патуваат и привремено да се преселат на градилишта во Швајцарија, Австрија или Германија

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде