Vrabotuvanje.com - Збогум на штиклите и здолништата: Нови правила на авиокомпанијата!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Збогум на штиклите и здолништата: Нови правила на авиокомпанијата!

Во украинската авиокомпанија „Skaj Ap Erlajns“, стјуардесите повеќе нема да мораат да носат високи потпетици, туку ќе можат да ја вршат својата работа во поудобна алтернатива - патики.

Збогум на штиклите и здолништата: Нови правила на авиокомпанијата!

27-годишната стјуардеса на оваа компанија, Дарија Соломенаја, објаснува како изгледало тоа.

„Дванаесет часа на нозе, летајќи од Киев до Занзибар и назад. Ако носите потпетици, тешко дека ќе можете да одите потоа. Ова вклучува четири часа непрофитна проверка и чистење“.

Кога беше спроведена анкета меѓу вработените во Sky Up Airlines, се покажа дека жените се уморни од високи потпетици, тесни блузи и здолништа.

„Многу мои колеги постојано посетуваат доктор –  објаснува Дарија додавајќи дека се вообичаени и проширени вени.

Поради сето ова, украинската авиокомпанија одлучи целосно да ги промени униформите за стјуардите – во иднина тие ќе носат патики, широки портокалови јакни и панталони.

Да потсетиме, неколку глобални авиокомпании ги олеснија своите ригорозни услови за стјуардите.

Вирџин Атлантик објави дека нивните стјуардеси не мора повеќе да се шминкаат. Јапан Ерлајнс ги укина задолжителните високи потпетици и им даде можност на своите вработени да носат наместо здолништа – панталони.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде