Vrabotuvanje.com - Британец им остави наследство на вработените во омилениот хотел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Британец им остави наследство на вработените во омилениот хотел

Британец им остави наследство на вработените во омилениот  хотел

Британец им остави значителен дел од своето наследство на вработените во хотел во турското одморалиште Кушадаси, каде што вообичаено го минувал летниот одмор.

Имено, Чарли Џорџ Кортни престојувал во популарното летувалиште во Егејското Море од 1990 година, и таму бил вкупно 52 пати. Човекот починал пред седум години, непосредно по последниот одмор. Неколку дена пред да почине, тој се погрижил за тестаментот, според којшто дел од наследството оди кај вработените во хотелот.

Некои членови на семејството ја оспорија неговата последна желба, а други ја поддржаа. На крајот, неговиот внук, кон крајот на август оваа година, пристигна во Турција да ја изврши последната желба на неговиот покоен чичко.

Службениците се трогнати од потегот на Британецот, познат меѓу нив и како „нашиот Чарли“. Собата бр. 401, каде што тој секогаш престојувал, e наречена „Соба на Чарли“, од страна на управата на хотелот.

Еден од вработените во хотелот вели дека ќе го искористи својот дел за образованието на своите деца.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде