Vrabotuvanje.com - Колку далеку може да извозите со празен резервоар?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Колку далеку може да извозите со празен резервоар?

Некои се одлучуваат на овој ризик од финансиски причини, а за други ова е адреналинска игра.

Колку далеку може да извозите со празен резервоар?

Сите експерти за автомобили ќе ви кажат дека не е добро да возите со малку гориво во резервоарот, но сепак на сите ни се случило да „стиснеме палци“ и да се надеваме дека ќе дотуркаме до крајната дестинација или до следната бензинска пумпа.

Некои понови автомобили имаат опција за проценка на километражата што може да ја поминете со преостанатото гориво, но кај постарите автомобили имате само стрелка и сијаличка за да ве предупреди дека време е да го дополните резервоарот.

Дали би продолжиле да возите иако сијаличката за гориво трепка и ви покажува дека сте при крај? 

Опасна зависност

Возбудата расте секој следен пат кога ќе тргнете да возите, а сијаличката „упорно“ трепка, но автомобилот продолжува да вози.

Овој тип на адреналинска зависност може скапо да ја платите. Кај постарите автомобили резервоарите се лимени, а возењето на „златна резерва“ значи многу кондензирана водена пареа, односно појава на корозија и нејзините продукти, а со тоа и опасност за пумпата за гориво. Затоа, држете се до советот да возите со најмалку една четвртина полн резервоар.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде