Vrabotuvanje.com - Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година

Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година

Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави премиерот Жан Катекс, појаснувајќи дека одлуката е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.

Претходно, француската влада планираше мораториумот да трае до април.

Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација” од 100 евра. „Веруваме дека ова зголемување на цената ќе биде привремено, но не можеме да дозволиме да го попречи (економското) закрепнување” по пандемијата на коронавирусот, резимира Катекс во интервју за ТВ ЕФ 1. Тој истакна дека експертите ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно отколку што се очекуваше”. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде