Vrabotuvanje.com - Бизнис заснован на измама: Продавале милиони искористени ракавици како нови
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизнис заснован на измама: Продавале милиони искористени ракавици како нови

Бизнис заснован на измама: Продавале милиони искористени ракавици како нови

Во текот на повеќемесечната истрага, откриено е дека десетици милиони претходно користени синтетички гумени ракавици од Тајланд пристигнале во САД како нови.

Ќеси за ѓубре полни со искористени медицински ракавици, голем број видно извалкани и со крв, биле расфрлани во магацин на периферијата на Бангкок. Тајландските власти велат дека работниците, главно бегалци, работеле со полна пареа за да направат старите, користени ракавици повторно да изгледаат како нови, кога тајландските здравствени власти извршиле рација во установата.

Има уште многу такви компании во Тајланд кои се обидуваат да заработат пари на огромната побарувачка за медицински ракавици од почетокот на пандемијата. Според надлежните, среде глобалниот недостиг во Тајланд, тие пакуваат милиони користени ракавици кои не исполнуваат никакви стандарди и ги извезуваат во САД, но и во други земји во светот.

Експертите ја опишуваат индустријата како „бизнис заснован на измама“, а еден од нив, Даглас Стајн, изјави дека ракавиците се „во моментов најопасната стока на планетата“.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде