Vrabotuvanje.com - Со картичка или во кеш: Начинот на плаќање влијае на штедењето
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Со картичка или во кеш: Начинот на плаќање влијае на штедењето

Ако имате во паричникот банкноти со апоени од 50 и 100, може да заштедите пари. Психологот Мери Грешам вели дека луѓето обично размислуваат двапати пред да ги „раситнат“ крупните пари.

Со картичка или во кеш: Начинот на плаќање влијае на штедењето

Концептот наречен „ментално сметководство“ има врска со тоа како донесуваме финансиски одлуки и што да правиме со нашите асоцијации што ги имаме за парите. Овие асоцијации не се секогаш рационални. Едно истражување докажува дека би потрошиле повеќе пари доколку носите пет банкноти од 20 евра, отколку ако носите една од 100 евра.

Покрај тоа, плаќањето со вашата картичка или мобилниот телефон може да биде голем проблем за вашиот паричник. Полесно е луѓето да трошат пари кога плаќаат со картичка затоа што немаат контакт со пари. Луѓето понекогаш сметаат дека е „болно“ да се разделуваат со парите, но со картичката тие немаат такво чувство.

 

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде