Vrabotuvanje.com - Формалното образование најнебитен фактор за вработување според македонците
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Формалното образование најнебитен фактор за вработување според македонците

Порталот Vrabotuvanje.com.mk во рамките на Регионалниот онлајн саем за вработување во Македонија спроведе истражување со цел да се откријат сличностите и разликите во условите за работа во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија

Формалното образование најнебитен фактор за вработување според македонците

Во истражувањето во кое учествуваа и водечките портали за вработување во Србија (Poslovi.Infostud), Хрватска (MojPosao) и Босна и Херцеговина (Posao.ba), Словенија (Deloglasnik.si) беа опфатени над 5.000 испитаници, од кои речиси 1.000 од Македонија. Од испитаниците во Македонија, 54% се вработени, 39% се невработени и 7% се студенти.

Еден сегмент од истражувањето беше прашањето Што според вас е најважно за добивање на работата?
 

Мотивацијата и подготвеноста за работа е најважна според 35% од испитаниците во Македонија, 24% се одлучиле за знаењата и вештините кои ги поседуваат, а 20% се потпираат на работното искуство.



Останатите фактори како препораки, формално образование, познанства, среќа и партиска припадност, се застапени со нешто помалку од 10%.

Формалното образование како фактор е застапен со најмал процент (2%).

Македонците најмалку веруваат во среќам најмногу во мотивација

Интересен е фактот што само 2% од испитаниците размислуваат дека формалното образовние е најважно за добивање на работа.

Овој податок покажува дека имаме кандидати кои се подготвени да се адаптираат, дообучат и да прифатат работа која не им е „по струка.“

Во однос на разликите со другите земји, македонците процентуално најмалку веруваат во среќа како фактор за добивање на работа, а најмногу во мотивацијата и волјата на работа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде