Vrabotuvanje.com - Италија забрани плаќање во кеш над 1.000 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Италија забрани плаќање во кеш над 1.000 евра

Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра.

Италија забрани плаќање во кеш над 1.000 евра

Од 1 јануари во земјата повеќе нема да може да се плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра. Сите суми поголеми од наведената ќе треба да се платат со картичка, чекови или преку сметка.

Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра.

Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување. Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во борбата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде