Vrabotuvanje.com - Чувањето домашни миленици во Иран наскоро казниво со закон
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Чувањето домашни миленици во Иран наскоро казниво со закон

Во Иран наскоро ќе биде забрането и казниво чувањето миленичиња и шетањето кучиња.

Чувањето домашни миленици во Иран наскоро казниво со закон

Медиумите наведуваат дека иранскиот парламент денеска подготвил предлог - законот за оваа намена. Според него, шетањето кучиња ќе се казнува со висока парична казна, а возилата што превезуваат кучиња ќе бидат одземени на три месеци. Покрај тоа, на сопствениците на куќи наскоро нема да им биде дозволено да ги изнајмуваат своите живеалишта на сопственици на кучиња и мачки. Се верува дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Неколкупати претходно имало обиди за вакви забрани, но на крајот не успевале. Сега, забраната треба да стане закон. Но, критичарите веруваат дека дури и новиот закон ќе биде игнориран од сопствениците на кучиња и мачки, исто како и претходните забрани.

Во последниве години, трендот кон поседување миленичиња значително се зголеми, со што се повеќе млади Иранци земаат кучиња и мачки како домашни миленици, особено за нивните деца.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде