Vrabotuvanje.com - Еве кои се најчестите лозинки во светот за 2021
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Еве кои се најчестите лозинки во светот за 2021

Доколку вашата најкористена лозинка е „123456“ или „password“, треба да знаете дека сте лесна цел за хакерите.

Еве кои се најчестите лозинки во светот за 2021

Меѓутоа, не сте единствени бидејќи тие се најдоа на листата со најчести лозинки во светот за оваа година.

Компанијата за организирање и чување лозинки NordPass собрала милиони лозинки од своите бази на податоци за да направи листа со најчестите лозинки во 2021 година. Лозинките се на корисници од 50 земји низ светот.

Анализата покажала дека лозинките често се поврзани со локацијата и културата во државата, па така луѓе во повеќе земји во лозинката имаат име на омилен фудбалски клуб. Во некои земји, како Нигерија, се користат лозинки поврзани со религијата.

Анализата открива и разлики помеѓу половите. Така, жените почесто користат позитивни зборови како „те сакам“, додека мажите често користат лозинки поврзани со спорт. Во некои земји мажите користат повеќе пцости во лозинките од жените. Популарни лозинки кај двата пола се оние што се поврзани со музиката.

10 најчести лозинки во светот во 2021

1. 123456
2. 123456789
3. 12345
4. qwerty
5. password
6. 12345678
7. 111111
8. 123123
9. 1234567890

10. 1234567

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде