Vrabotuvanje.com - Купувачи принудени да преноќат во ИКЕА поради обилни снежни врнежи во Данска
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Купувачи принудени да преноќат во ИКЕА поради обилни снежни врнежи во Данска

Купувачи принудени да преноќат во ИКЕА поради обилни снежни врнежи во Данска

Шест купувачи и 25 вработени во ИКЕА мораа да ја поминат ноќта на кревети и софи во продавницата за мебел поради обилните снежни врнежи во Данска вчеравечер, јави данскиот радиодифузен сервис.

На фотографиите во продавницата околу градот Алборг, се гледаат заглавените луѓе како седат заедно и пијат пиво или кафе, додека гледаат фудбал.

„Сите беа мили, а ние всушност само се смеевме на ситуацијата затоа што веројатно нема да ја доживееме повторно“, изјави купувачот Мишел Барет.

Големи делови на Данска, вклучително и главниот град Копенхаген се соочуваат со сообраќајни проблеми, проблеми со железничкиот сообраќај и привремени прекини на струја поради снежното невреме. На аеродромот во Алборг, околу 300 луѓе мораа да чекаат преку ноќ поради невремето Исто така, проблеми во текот на ноќта имаше и на други места во државата.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде