Vrabotuvanje.com - Оглас за вработување во Влада - Секретаријат за законодавство
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оглас за вработување во Влада - Секретаријат за законодавство

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 617/2021

Оглас за вработување во Влада - Секретаријат за законодавство
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Влада на Република Северна Македонија - Секретаријат за законодавство за следните работни места
 

1. УПР0101В03000 Соработник за општи и административни работи - асистент за техничко-оперативна поддршка на секретарот, Одделение за општи работи, Сектор за општи работи и информатичко-комуникациски технологии(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки или Јавна управа и администрација
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 23.634,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.

Целиот оглас е на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде