Vrabotuvanje.com - Дали навистина постои баланс помеѓу работата и семејството?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали навистина постои баланс помеѓу работата и семејството?

Во текот на последната деценија, прашањето за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот стана дел од меѓународните и националните политички агенди.

Дали навистина постои баланс помеѓу работата и семејството?
Терминот „рамнотежа помеѓу работата и семејството“ се користи во разни дебати за политиките кои се однесуваат на распределбата на времето и напорот помеѓу работата и другите аспекти од животот.
 
Јазот помеѓу мажите и жените во однос на разликата од платите останува голем проблем, но не е единствен. Покрај тоа што се повеќе жени се во работен однос, тие сепак продолжуваат да го носат непропорционалниот товар во однос на грижата за зависните членови на семејството како што се децата, постарите и членовите со попреченост или болести. Достапните податоци покажуваат дека секаде жените сè уште поминуваат значително повеќе часови во неплатена нега отколку мажите, и помалку време за платена работа.
 
Долгите работни часови, непостојаното работно време и зголемениот тренд на нестандардните распореди за работа, на пример работа во попладневните часови, навечер или пак за време на викендите стави значителен притисок врз работниците и нивните семејства.
 
Во некои случаи, особено сега во време на корона кризата родителите беа приморани да бираат, едниот од родителите да работи со физичко присуство, додека пак другиот да остане со децата. Па дури и да постоеше можност за родителот кој останува со децата да работи од дома, не секогаш беа во можност ефективно да ги извршуваат работните задачи и да обезбедат соодветна грижа за своите деца.
 
Прифаќањето на ваквите работни услови можеби придонесува за поголеми финасиски средства, особено во ситуации каде семејствата едвај врзуваат крај со крај, но сепак тие имаат големи негативни влијанија врз благосостојбата на работниците и генерално врз балансот помеѓу приватниот и деловниот живот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде