Vrabotuvanje.com - Илон Маск размислува да ги напушти сите бизниси и да стане инфлуенсер
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Илон Маск размислува да ги напушти сите бизниси и да стане инфлуенсер

Илон Маск размислува да ги напушти сите бизниси и да стане инфлуенсер

Илон Маск - извршниот директор на компанијата „Тесла“, изјави дека размислува да ги напушти сите работни места и да стане инфлуенсер.

„Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск на „Твитер“ без да даде дополнителни објаснувања.

Според „Ројтерс“, не е јасно дали Маск бил сериозен за она што го напишал.

Маск, кој исто така е основач и извршен директор на „Спејс-икс“ и го води стартапот „Неуралинк“ и „Д боринг компани“, во јануари изјави дека верува дека ќе биде извршен директор на „Тесла“ неколку години.

„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работиме цел ден и ноќ; седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам до спиење. Тоа е прилично интензивно“, рече тогаш Маск.

Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на „Твитер“ дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во „Тесла“, на што повеќето одговорија потврдно. Потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде