Vrabotuvanje.com - САД ќе ги лови корумпираните лидери и ќе откриваат каде ги кријат „валканите” пари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

САД ќе ги лови корумпираните лидери и ќе откриваат каде ги кријат „валканите” пари

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, изјави дека нејзиното министерство работи на изработката на стратегија за борба против перењето пари и нелегалното финансирање од странство.

САД ќе ги лови корумпираните лидери и ќе откриваат каде ги кријат „валканите” пари

Министерството истовремено ги зајакнува и активностите дома против затајувачите на данок, што само минатата година државниот буџет го чинело 600 милијарди приходи.

Џенет кажа дека Министерството за финансии на САД мора да одигра голема улога во борбата против корупцијата дома и во странство.

„На крајот на краиштата, САД не можат да бидат кредибилен глас за слободни и фер влади во странство, доколку истовремено им дозволиме на богатите неказнето да ги прекршуваат нашите закони“, рече таа.

Белата куќа на почетокот на неделава соопшти дека работи со Конгресот за да обезбеди 424 милиони за нова иницијатива насочена кон зајакнување на демократијата ширум светот, вклучувајќи ја и поддршката на независните медиуми.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде