Vrabotuvanje.com - Цените на големо во Германија со најбрз раст
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цените на големо во Германија со најбрз раст

Цените на големо во Германија со најбрз раст

Цените на големо во Германија во ноември се зголемија со најбрзо темпо во последните децении, покажаа новите податоци објавени денеска.

Цените на големо пораснаа најмногу од 1962 година во ноември, поттикнати од високите цени на суровините и репроматеријалите, покажуваат податоците на Дестатис.

Тие се зголемија за 16,6 отсто на годишно ниво во ноември, откако се искачија за 15,2 отсто во октомври. Тоа е најбрзата инфлација од 1962 година.

Цените на големо на нафтените деривати забележаа годишен раст од 62,4 отсто. Зголемени се и цените на земјоделските производи во однос на претходната година.

Во октомври цените беа за 16,3 отсто повисоки од истиот месец лани. Ова претставува зголемување од 2,8 отсто во споредба со септември.

Според податоците, високата годишна цифра на инфлација во најголем дел се сведува на наглиот раст на цените на растителните производи, како и растот на производите од животинско потекло, но поумерено.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде