Vrabotuvanje.com - Уште една европска земја забрани возачите да користат мобилен
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Уште една европска земја забрани возачите да користат мобилен

Користењето на паметниот телефон е дозволено како систем за навигација или за слушање музика само кога уредот е во држач.

Уште една европска земја забрани возачите да користат мобилен

Белгија е уште една европска земја која одлучи да ја забрани употребата на паметни телефони при возење. Укинати се речиси сите функции.

Локалната полиција досега ги казнуваше возачите кога ги користат мобилните телефони за телефонски разговори додека го држат уредот до увото, а сега одат чекор подалеку.

Продолжената забрана се однесува и на други електронски уреди, како таблети. Уредите исто така не смеат да се ставаат на совозачкото седиште или во преградата во централната конзола за употреба.

Казната сега е 116 евра, а казните за користење мобилни телефони датираат од времето кога сите имаа Nokia 3310, велат во Белгија, па време е да бидат во чекор со времето и да ги прошират забраните.

Користењето на паметниот телефон е дозволено како систем за навигација или за слушање музика само кога уредот е во држач. Сѐ друго е забрането.

Новиот закон најверојатно ќе стапи на сила во март 2022 година, а ќе важи и за велосипедистите и мотоциклистите.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде