Vrabotuvanje.com - Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки

Банката Сантандер од Бостон по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненадило сопствениците на сметките кои не го знаеле идентитетот на добротворот на божиќното утро.

Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки

Сега вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, што го отежнува фактот дека голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки. Грешката се случила кога двапати биле извршени плаќања кон 2000 деловни сметки.

Во соопштението на банката се наведува дека во тек се разговори со банките кои ги примаат овие плаќања – Беркли банка, ХСБЦ, Нетвест, Кооперативна банка и Вирџин Мани банка.

Тие банки навеле, се додава во соопштението, дека „ќе се обидат да вратат пари од сметките на своите клиенти“.

Не се знае, меѓутоа, како ќе постапат во случај нивните корисници веќе да ги потрошат парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски дефицит на сметките.

Сантандер банка навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно контактираат со луѓето за да им ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде