Vrabotuvanje.com - Пазарот на криптовалути утрово во длабок минус
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Пазарот на криптовалути утрово во длабок минус

Пазарот на криптовалути утрово во длабок минус

Пазарот на криптовалути утрово бележи големи загуни. Во изминатите 24 часа, пазарната капитализација паднала за 9,1 отсто и според податоците од сајтот coingecko.com таа моментно изнесува 2,16 билиони долари.

Распродадени се буквално сите излистани криптовалути, а голем број од нив бележат и двоцифрен пад.

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, според податоците на сајтот паднал за дури 8,8 отсто и моментно со него се тргува по цена од 42.875 долари.

Најголем пат бележи криптовалутата итириум. Итириумот во изминатите 24 часа загубил дури 11,9 отсто од својата вредност и моментно се цени на 3.382 долари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде