Vrabotuvanje.com - Социјалната мрежа на Трамп ќе стартува во февруари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Социјалната мрежа на Трамп ќе стартува во февруари

Социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне да функционира на 21 февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Социјалната мрежа на Трамп ќе стартува во февруари

Тоа е извесна алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија американските медиуми. Ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите на платформата уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења. Мрежата почнува со работа кога САД го слават Денот на претседателот (третиот понеделник во февруари).

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде