Vrabotuvanje.com - Примил 12 вакцини против ковид и сака уште: "Ми се намалија болките во грбот, а апетитот ми се подобри"
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Примил 12 вакцини против ковид и сака уште: "Ми се намалија болките во грбот, а апетитот ми се подобри"

Човек од Индија тврди дека примил 12 дози вакцина и вели дека верува дека тие дози му помогнале против болки во грбот, како и други здравствени проблеми.

Примил 12 вакцини против ковид и сака уште: "Ми се намалија болките во грбот, а апетитот ми се подобри"

Пензионираниот поштар Брамдео Мандал од индиската држава Бихар изјавил дека дозата ја примил девет пати со пријавување со помош на лична карта, а дополнителни дози успеал да добие преку мобилниот и гласачкото ливче на сопругата. Тој изјави дека има 85 години и дека првата доза ја примил во февруари минатата година.

– Верувам дека тоа ми помага за општо здравје. Болките во грбот ми се намалија, добив сила, а апетитот ми се подобри. Постојано барав центри за вакцинација и одев таму, а никој не ме препозна – изјави Мандал.

Засега нема докази дека дополнителните дози на антивирусни вакцини придонесуваат за општата здравствена состојба која не е поврзана со коронавирусот, а Мандал рече дека сака да прими повеќе дози.

извор: skopje1.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде