Vrabotuvanje.com - Биткоинот порасна за 5 отсто за еден ден и надмина 44.000 долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Биткоинот порасна за 5 отсто за еден ден и надмина 44.000 долари

Биткоинот порасна за 5 отсто за еден ден и надмина 44.000 долари

Цената на биткоинот постепено расте по остриот пад, надминувајќи 44.000 долари во средата, покажаа податоците од берзата за криптовалути Binance.

Цената на биткоинот се зголеми за 5% на 44.078 долари во средата.

Биткоинот постепено се опоравува по загубите минатата недела кога вредноста на криптовалутите падна за речиси 13%.

Аналитичарите велат дека падот е предизвикан од објавувањето на детали од состанокот на Федералните резерви на САД во декември, за кои инвеститорите предвидуваа дека ќе има негативно влијание врз високоризичните средства. Друг фактор беа немирите во Казахстан, каде што се ископува над 18% од глобалниот биткоин.

До крајот на 2021 година, цената на биткоинот се зголеми за 1,6 пати, од 28.900 долари на 46.200 долари. Во ноември го достигна својот историски максимум од 69.000 долари и од таму почна да опаѓа. Девалвацијата е 5% од почетокот на годинава.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде