Vrabotuvanje.com - Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел

Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел

Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 66 центи повисока цена, од 81,88 долари. А претходниот трговски ден го заврши во плус од 2,99 долари.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше во плус од 47 центи во однос на затворањето во претходниот трговски ден, односно 84,10 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), во својот издвоен извештај објави дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во вторникот чинел 82,13 долари, што значи дека поскапел за 38 центи во однос на претходниот трговски ден.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде