Vrabotuvanje.com - Професорите во Франција штрајкуваат за поголема заштита од ковид-19
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Професорите во Франција штрајкуваат за поголема заштита од ковид-19

Наставниците и професорите во француските основни и средни училишта вчера масовно штрајкуваа жалејќи се на недоволна заштита за време на пандемијата, особено во време кога во земјата има повеќе од триста илјади новозаразени дневно.

Професорите во Франција штрајкуваат за поголема заштита од ковид-19

Надлежните, напротив, уште повеќе го олеснија протоколот бидејќи беше комплициран, на што се пожалија и професорите.

Според Министерството, 38 отсто од наставниците во основните училишта и 23 отсто од наставниците во средните училишта излегоа на штрајк.

Поради изразеното незадоволство, претставниците на штрајкувачите во четвртокот вечерта беа примени од премиерот Жан Катекс, а на состанокот преку видеоконференција учествуваа и министерот за образование, Жан-Мишел Бланш, и министерот за здравство, Оливие Веран, кој денеска соопшти дека е заразен од коронавирус.

извор: www.novamakedonija.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде