Vrabotuvanje.com - Новоотворена компанија во Скопје вработува Employer Branding и Маркетинг специјалист
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Новоотворена компанија во Скопје вработува Employer Branding и Маркетинг специјалист

Мајорел - Новоотворена интернационална компанија вработува во Скопје!

Новоотворена компанија во Скопје вработува Employer Branding и Маркетинг специјалист

Мајорел, глобален водечки контакт центар со седиште во Грузија, 66.800 вработени и претставништва во над 35 земји во светот ги отвори своите први канцеларии во Македонија. Компанијата најави 200 работни места, а во моментов се активни повеќе огласи за вработување. 

Во моментов бараме кандидат за работа на позицијата Employer Branding & Marketing Specialist.

Бараме кандидат кој ќе биде партнер со одделот за маркетинг и човечки ресурси/регрутација и ќе работи на дефинирање на стратегијата за маркетинг и брендирање на Majorel како работодавач во Македонија.

Позицијата подразбира и управување со социјални медиуми: Стратегија за содржина, креирање содржина, управување со проекти, работа на веб-страница (создавање содржина, подобрувања), работа на дигитални/недигитални канали за локални маркетинг активности, поддршка со кампањи за ангажирање и регрутирање на вработени, внатрешна комуникација, следење на конкуренцијата и новите трендови во индустријата и слично.

Компанијата нуди:

  • Програми за кариерен развој
  • Здравствено осигурување
  • Wellbeing програма
  • Флексибилен распоред и договор на полно или скратено работно време
  • Конкурентна плата и бонуси за учинок
  • Меѓународна и мултикултурна работна средина

Сите детали за позицијата и можноста за аплицирање се на ЛИНКОТ

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел - Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје
Седиштето на Мајорел Македонија


 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде