Vrabotuvanje.com - Ferrari на вработените им подели бонус од 12.000 евра
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ferrari на вработените им подели бонус од 12.000 евра

За Ferrari, 2021 година беше најдобрата кога станува збор за продажбата. Тоа во својот џеб го почувствуваа и вработените во оваа италијанска компанија, кои добија бонус од 12.000 евра.

Ferrari на вработените им подели бонус од 12.000 евра

Откако во 2021 година продаде 11.155 автомобили низ светот и со тоа за 22,3% ја надмина бројката во 2020 година, на вработените во Ferrari им е поделен бонус во висина до 12.000 евра. Продажбата е подобра и во однос на периодот пред пандемијата, поточно од 2019 година.

Од Ferrari потврдија дека имаат нарачки до 2023 година, а кога станува збор за резултатите од продажба очекувањата се особено големи поради фактот дека наскоро ќе биде претставен новиот Ferrari Purosangue.

За компанијата која влегува во светот на електрификацијата овие податоци се одличен начин за излегување од ерата на бензинските спортски автомобили.

Побарувачката за Ferrari автомобили е особено висока во Европа, на Блиски Исток и во Африка, доставени се 5.492 автомобили,

Скоро 3.000 автомобили се продадени во САД, додека во Кина, Хонгконг и Тајван автомобили купиле 899 купувачи, што е раст за 97% во однос на 2020 година.

Најпопуларни се моделите со V8 мотори, додека опадната е побарувачката за модели со V12 мотори.

извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде