Vrabotuvanje.com - Почнува со работа новиот погон на „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Почнува со работа новиот погон на „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово

Во првиот погон веќе тече производството на навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз а денес компанијата Леар ќе ја добие дозволата за работа на новиот производствен погон...

Почнува со работа новиот погон на „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово

Како што е соопштено новиот, втор погон за производство во ТИРЗ Тетово се простира на површина од 8 илјади м2 а инвестицијата е 15 милиони евра.

Американската компанија ,,Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.

Фабриката на ,,Леар Корпорејшн“ во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од  12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде