Vrabotuvanje.com - Штедат гориво: Во Германија поставени семафори со вештачка интелигенција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Штедат гориво: Во Германија поставени семафори со вештачка интелигенција

Семафорите во Германија користат радарски сензори и камери со висока резолуција за да ја проценат ситуацијата во сообраќајот, а тоа го прават многу ефикасно. Семафорот не е програмиран за црвена и зелена фаза, туку на основа на собрани информации може во зависност од актуелната ситуација да го намали сообраќајниот метеж и времето на чекање. Со самото тоа и потрошувачката на гориво како и загадувањето на воздухот.

Штедат гориво: Во Германија поставени семафори со вештачка интелигенција

Овој тип семафори со камери и сензори, со помош на вештачка интелигенција, на повеќе начини ќе им го олеснат животот на сите граѓани.

Научници објаснија дека оваа технологија собира информации од сензори и камери, а потоа благодарение на вештачка интелигенција, одлучува за најдобриот исход.

Паметниот семафор ќе биде користен и за пешаци бидејќи го адаптира времето на премин за да повозрасните луѓе или лицата со попреченост да имаат доволно време безбедно да преминат улица.

Новите интелигентни семафори би требало да го подобрат протокот на сообраќај за 10 до 15 проценти, а бројот на сообраќајни прекршоци како минување на црвено светло може да биде намален за четвртина.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде