Vrabotuvanje.com - Погледнете како изгледа најскапата куќа со 49 бањи и гаража за 30 автомобили
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Погледнете како изгледа најскапата куќа со 49 бањи и гаража за 30 автомобили

Погледнете како изгледа најскапата куќа со 49 бањи и гаража за 30 автомобили

Најскапата куќа во Америка штотуку се појави на пазарот, а нејзината цена е фантастични 295 милиони долари. Името ѝ е The One, се наоѓа во луксузната населба Бел Ер во Лос Анџелес и тоа на врвот на брдото со неверојатен поглед на околината. Само погледот вреди добри милион долари.

Од три страни е опкружена со базен со поглед или „бесконечен“ базен. Речиси двојно е поголема од претседателската Белата куќа. Има 21 спална соба и 49 бањи!

Низата продолжува: 5 отворени и затворени базени, ноќен клуб, козметички салон, велнес-спа, приватна патека за џогирање на отворено, приватно кино со седишта за повеќе од 40 луѓе, двокатна библиотека, сопствен бар, салон за дружење по вечерата, куглана, вежбалница, тениски терен, сопствен вински подрум со 10.000 шишиња и гаража за повеќе од 30 автомобили со два авто-грамофона.

Меѓутоа, декорот и генерално самиот ентериер и естетиката на овој луксузен посед не изгледаат претерано креативно и оригинално. Уредувањето нема душа, но во секој случај, сигурно сè е многу скапо. Би живееле на вакво место?

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде