Vrabotuvanje.com - Фејсбук и Инстаграм остануваат во Европа
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Фејсбук и Инстаграм остануваат во Европа

Фејсбук и Инстаграм остануваат во Европа

Мета објави дека нема намера да го напушти европскиот пазар.

Се појавија информации дека поради проблеми со европските регулативи во врска околу преносот на лични податоци меѓу ЕУ и САД, може да ги затворат Фејсбук и Инстаграм во ЕУ, но сега тоа го демантираа од Мета.

Тие издадоа соопштение во кое се наведува дека не се точни информациите за наводна закана и напуштање на европскиот пазар.

Од Мета велат дека немаат намера да го прават тоа.

Корисниците во Европа можат да се релаксираат.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде