Vrabotuvanje.com - Плата до 44.000 денари: КАМ Маркет вработува
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Плата до 44.000 денари: КАМ Маркет вработува

КАМ Маркет има потреба од СОРАБОТНИК ЗА ЕКСПАНЗИЈА

Плата до 44.000 денари: КАМ Маркет вработува
Што ќе работите?
 
КАМ бара кандидат кој ќе учествува во планирање на стратегија за експанзија на компанијата, ќе учествува во анализата на пазарот и ќе прави анализа на региони, учество во процеси поврзани со преговори за земјишта и недвижности.
 
Останатите задолженија на кандидатот се следење на јавни понуди на недвижности, следење на договорни обврски во врска со недвижностите, анализа на режиски и комунални трошоци за недвижностите и месечни извештаи и повремени презентации на недвижности
 
Кандидатот треба да поседува високо образование со економска, градежна или правна насока. Минимум работно искуство од 2 години на иста или слична дејност ќе се смета за предност.
 
Компанијата нуди:
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Почетна загарантирана нето плата од 32.288 денари за првите два месеци, од третиот месец нето плата до 44.000 денари
  • Исплата на регрес во износ 3 пати повисок од законски пропишаниот;
  • Слободен ден за роденден;
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЛИНКОТ

Сите огласи за работа во КАМ можете да ги видите на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде