Vrabotuvanje.com - Во Париз е поставен радар за сообраќајна бучава
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Париз е поставен радар за сообраќајна бучава

Во Париз е поставен првиот радар за откривање на сообраќајна бучава. Станува збор за софистициран уред кој го мери нивото на бучава на возилата во движење и ја евидентира регистарската табличка. Возачите чии возила прават преголема бучава на тој начин ќе добијат полициска казна на домашна адреса.

Во Париз е поставен радар за сообраќајна бучава

Со досегашните овластувања полицијата може да ги санкционира сопствениците на бучни возила, но тие мора да ја поседуваат потребната опрема, односно да го фатат возачот во прекршок. Новиот радарски систем со автоматизирани казни ќе им ја олесни работата, пишува Јутарњи.хр.

Градот до крајот на годинава ќе ја тестира доверливоста на системот, односно дали може точно да ја идентификува регистрацијата на автомобилите и мотоциклите, а доколку се покаже добро, имплементацијата ќе започне со полна сила од почетокот на следната година. Париските власти планираат да го покријат целиот град со радари за бучава.

Според студијата на Money.co.uk од декември 2021 година, заснована на податоците од Европската агенција за животна средина, Париз бил еден од најбучните градови во Европа, со повеќе од 5,5 милиони луѓе изложени на бучава од патниот сообраќај од 55 децибели или повеќе.

извор: vesnik.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде