Vrabotuvanje.com - На крајот на јули крвав Месец ќе предизвика најдолго помрачување во 21. век
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

На крајот на јули крвав Месец ќе предизвика најдолго помрачување во 21. век

Причината за времетраењето е тоа што Месечината ќе се најде во една од најоддалечените точни од Земјата, што значи дека неговата сенка ќе биде поголема отколку во рамките на вообичаено помрачување.

На крајот на јули крвав Месец ќе предизвика најдолго помрачување во 21. век

Крвавиот Месец во јули ќе предизвика најдолго помрачување во 21. век, тврдат научници, пишува B92.

Истовремено, Марс ќе изгледа посветло отколку вообичаено бидејќи тогаш ќе се наоѓа најблиску до Земјата во последните 15 години.

Тоа е одлично! Навистина ретка и убава шанса да го видиме помрачувањето на Месецот и Марс на ноќното небо. Ќе имаме два одлични објекти што е супер прилика за фотографитеизјави Роберт Маси од британското Кралско астрономско здружение за Times.

Помрачувањето кое ќе трае 1 час и 43 минути ќе се случи на 27 јули.

Причината за тоа лежи во тоа што Месецот ќе се наоѓа во една од најдалечните точки од планетата Земја што значи дека неговата сенка ќе биде поголема отколку во рамки на обичното помрачување.

Помрачувањето ќе биде најдобро за гледање и најдолго време видливо на југоистокот на Европа.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде