Vrabotuvanje.com - СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус

Светската здравствена организација објави дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус.

СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус

Новиот центар за обука беше основан откако агенцијата на ОН формираше центар за трансфер на технологија во Кејп Таун минатата година за на фабриките од сиромашните земја и земјите со средни приходи да им се пренесе знаењето за производство на вакцини за Ковид-19 врз основа на mRNA технологијата.

Новиот центар во предградието на Сеул ќе едуцира експерти од оние земји кои сакаат да произведуваат свои вакцини, инсулин и моноклонални антитела, изјави за новинарите генералниот директор на СЗО.

Центарот во Јужна Кореја веќе спроведува обука за компании со седиште во земјата, а сега ќе прима експерти од други земји.

СЗО, исто така, објави дека уште пет земји - Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Србија и Виетнам - ќе добијат поддршка од центарот за трансфер на mRNA технологијата од Јужна Африка.

Минатата недела, шест африкански земји - Египет, Кенија, Нигерија, Сенегал, Јужна Африка и Тунис - го потпишаа првиот африкански договор за пренос на технологија за производство на mRNA вакцини според меѓународните стандарди.

Тедрос рече дека 20 земји досега изразиле интерес за обука за производство на mRNA вакцини во Јужна Африка.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде