Vrabotuvanje.com - Цената им стигнува и до 1500 Евра. Еве каде во Македонија се одгледуваат тартуфите!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цената им стигнува и до 1500 Евра. Еве каде во Македонија се одгледуваат тартуфите!

Иван Вангелов од Богданци се занимава со плантажно одгледување на тартуфи: Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови комерцијални тартуфи

Цената им стигнува и до 1500 Евра. Еве каде во Македонија се одгледуваат тартуфите!
 
Тартуфите стануваат сѐ побарани низ целиот свет, а секако и во Македонија, а со оглед на тоа што копањето тартуфи бара многу време и дресирање кучиња, Иван Вангелов од Богданци започна со плантажно одгледување на тартуфи и производство на микоризирани садници.

„Светскиот деликатес и афродизијак, печурката тартуф, се добива со процес на микоризација, односно заразување на дрвцата со мицелија, на кои потоа се создаваат тартуфи“, вели Иван, еден од ретките стручњаци кој се занимава со ваква методологија во Македонија.

Цената на тартуфите зависи од нивниот вид, сезоната во која се собираат и кај нас достигнува од 100 до 300 евра за црн тартуф, односно 1.500 до 3.000 евра за бел тартуф. Надвор од границите на државата овие бројки се повисоки. Иван произведува заразени дрвја, даб и лешник, на кои се раѓаат црно-бели тартуфи. Црните се користат во храната, додека белите се едни од најскапите во светот. Вангелов користи таканаречен тилонски метод на микоризал, со исклучиво македонска генетика. Со други зборови, самите дабови дрвја се од македонското подрачје, како и семето. Цената на едно расадче се движи од 10 до 12 евра, во зависност од видот на габата.

„Македонија има одлична плодна почва и клима за создавање на сите видови на комерцијални тартуфи“, вели Вангелов.

Тартуфите имаат огромно гастрономско влијание користејќи се како додаток и засилувач на вкусот на скоро сите видови јадења, предјадења, салати, десерти. Содржат голема количина на високо квалитетни протеини и сите неопходни аминокиселини, минерални соли, високо ниво на калциум, магнезиум, содиум, железо, цинк, како и витамини Б1, Б2, Б3, Б12 и Д.

Целиот текст на:agrotim.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде