Vrabotuvanje.com - Дали треба да аплицирате за работа за која не сте квалификувани?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали треба да аплицирате за работа за која не сте квалификувани?

Ако моменталната професија ве презаситила, а се пронајдовте во описот на некој оглас, сигурно размислувате дали вреди да се аплицира?

Дали треба да аплицирате за работа за која не сте квалификувани?

Одговорот е - направете го тоа.

Која и да е причината поради која сте изгубиле интерес за моменталното работно место, мислите дека промена добро би ви дошла. Ништо не губите ако се обидете.

Постојат многу апликанти кои го испраќаат своето CV дури и кога исполнуваат само 60% од потребните квалификации, но сепак успеваат и да бидат повикани на интервју, па и на работа.

Ништо не е недостижно, особено ако имате познавања и од потребната област и сте спремни да научите сè што е потребно за да можете да ја работите таа работа.

За да го направите тоа, треба да:

1. Ги препознаете сопствените несигурности

Само на тој начин можете да ги надминете.

2. Да им верувате на пријателите и менторите

Бидејќи тие можат да ве подучат на нови нешта, во кои имаат искуство, а кои би ви биле корисни.

3. Користете ги мрежите

На пример ЛинкдИн автоматски ви ги дава огласите со кои имате некакви поклопувања. Исто така, препораките од пријателите или поранешните колеги може да ви бидат од корист.

4. Одете на курсеви

Можеби сте стручни во одредена област, но ако ве интересира нешто друго, секогаш можете да уплатите курс.

5. Учете од интервјуто

Дури и ако не ја добиете работата, ова интервју ќе ви помогне да се подготвите за следното, да бидете посамоуверени и да знаете како да одговарате на прашањата.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде