Vrabotuvanje.com - Никогаш не ја инсталирајте оваа апликација од „Google Play Store“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Никогаш не ја инсталирајте оваа апликација од „Google Play Store“

Вирусот „Shark Bot“ е вметнат во продавницата за апликации на „Google“ – „Play Store“ и предизвикува големи проблеми.

Никогаш не ја инсталирајте оваа апликација од „Google Play Store“

Злонамерниот софтвер „Shark Bot“ го најде патот до продавницата на „Google“ во апликација која наводно е антивирусен „чистач“.

Малициозен софтвер успеа да го пробие автоматскиот заштитен ѕид на „Google“ и да го најде својот пат до „Play Store“, и тој сè уште е таму, и покрај тоа што беше пронајден и пријавен од многу портали.

Апликацијата не е популарна на „Google Play Store“, но лесно може да се најде на првата страница кога ќе се напише антивирус.

Се вика „Antivirus Super Cleaner“ и кој ќе ја преземе и инсталира апликацијата може да се збогува со својот оперативен систем.

„NCC Group“ го пронајде малициозниот софтвер и објави детална анализа за него, а „Google“ сè уште не одговорил.

Злонамерниот софтвер „Shark Bot“ може да наштети на различни начини, па дури и да ги украде сите кориснички податоци.

Извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде