Vrabotuvanje.com - Oтстранети уште две апликации во сопственост на Instagram
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Oтстранети уште две апликации во сопственост на Instagram

Од продавницата за апликации се отстранети уште две засебни апликации во сопственост на Instagram.

Oтстранети уште две апликации во сопственост на Instagram

Станува збор за апликациите Boomerang и Hyperlapse, кои повеќе не може да се преземаат и инсталираат преку App Store за iOS и Google Play Store за Android.

Instagram минатата недела објави дека се подготвува да ја укине апликацијата IGTV бидејќи ја менува својата главна стратегија за видео. Покрај тоа, IGTV пред немколку години беше интегриран во главната апликација.

Засебните апликации Boomerang и Hyperlapseсе се појавија во време кога мобилните телефони имаа ограничени перформанси. Hyperlapse можеше да понуди подобро искуство за снимање на time-lapse видео на некои уреди. Сепак, овие апликации се веќе интегрирани во главната Instagram апликација.

Сепак, апликацијата Layout, која се користи за креирање колажи, сè уште е достапна за преземање, но веќе е интегрирана во главната Instagram апликација, па се очекува и нејзино повлекување од онлајн продавниците за апликации.

извор: info.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде