Vrabotuvanje.com - Овие четири скопјанки со години го разубавуваат градот - Да ги почитуваме!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Овие четири скопјанки со години го разубавуваат градот - Да ги почитуваме!

Вредните раце на Трајанка Толева, Бети Миновска, Виолета Спировска и Сибел Селимовска, кои посветено работат на хортикултурно уредување и машинско чистење со цел разубавување на градот, значат многу за нашето Скопје.

Овие четири скопјанки со години го разубавуваат градот - Да ги почитуваме!

Ова го порачуваат од Град Скопје кои под мотот „Да ги срушиме стереотипите“ ги промовираат жените со нетипични професии. 

Во Скопје има храбри, силни и вредни жени кои ги рушат родовите стереотипи, а со својата работа придонесуваат за поубав град.

Сите овие жени со години работат во ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и како што велат, тоа го прават со љубов!

-Им благодариме на трудот, вредни, посветени и позитивни, да ги почитуваме! - порачаа од градот!

извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде