Vrabotuvanje.com - На која надморска височина се нашите градови?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

На која надморска височина се нашите градови?

Дали сте се запрашале на која надморска височина се градовите во Република Македонија? Дали знаете дека има само два града под 100 м и еден над 1000 м надморска височина?

На која надморска височина се нашите градови?

Со помош на поновите топографски карти, сателитски снимки, дигитални модели на релјефот и специјален ГИС софтвер, направена е анализа на надморската височина на градовите во нашата држава. При тоа се добиени интересни податоци.

Така, од вкупно 34 града, само градовите Гевгелија и Богданци лежат под 100 м надморска височина, а Крушево пак е единствен град кој целосно лежи над 1000 м надморска височина (Пехчево е помеѓу 960 и 1050 м). Крушево е убедливо највисок град во Македонија (1220 м), а неговите највисоки делови достигаат речиси до 1300 м, што е повисоко и од некои планини (за споредба, Водно е високо „само“ 1066 м!).

Генерално, надморската височина на градовите се зголемува одејќи од излезот на Вардар, Струмица и Црни Дрим од нашата држава, кон горните, изворишни долински делови на овие реки и нивните притоки.

Најмногу градови има помеѓу 600 и 700 м надморска височина (дури 10), а најмногу пак население во 3-те града кои лежат помеѓу 200 и 300 м. Во однос на топографијата, интересно е што висинската разлика во градовите е доста голема: од 155 м кај Скопје, 130 кај Крушево, Кратово и Велес до само 4 м кај Струга и 30-тина метри кај Гевгелија и Демир Капија.

Сепак, со оглед на површината, најголема висинска разлика имаат Крушево и Кратово, што се гледа и во нивната физиономија. Големите висински разлики кај градовите се поради нивната положба покрај ридско-планинските падини, а типични целосно рамничарски градови речиси и да нема (освен Струга и донекаде Гевгелија).

Во приложената табела се дадени податоците за надморската височина на 34-те града во Република Македонија.

Извор: enauka.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде