Vrabotuvanje.com - „Бев банкарка, си дадов отказ, сега сум дизајнер на куќички за кукли и среќна сум“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Бев банкарка, си дадов отказ, сега сум дизајнер на куќички за кукли и среќна сум“

Додека ја работи својата работа од соништата се чувствува среќна како 10-годишно дете.

„Бев банкарка, си дадов отказ, сега сум дизајнер на куќички за кукли и среќна сум“

bev-bankarka-si-dadov-otkaz-sega-sum-dizajner-za-kukjichki-za-kukli-i-srekjna-sum-01.jpg

Ема Вандел има необична професија. Таа е дизајнер за ентериер на куќички за кукли.

Со години работела како банкарка, кога за време на еден одмор налетала на мала куќа за кукли и се вљубила во светот на минијатурните куќи. Ги сакала уште како дете, а кога налетала на нив како возрасна се почувствувала како да има 10 години и била среќна.

Почнала да собира ваква колекција и декорирањето на куќите за кукли ѝ станало хоби. Ѝ било бегство од реалноста, а потоа се родила и идејата за основање на компанијата Doll’s House Grand Designs.

Оттогаш таа ја работи работата од своите соништа и секоја куќа ја прави уникатна и значајна, според желбите на клиентите.

Горда е на секое дело и среќна што им ги остварува соништата на клиентите.  

извор: crnobelo.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде