Vrabotuvanje.com - По 130 години, пронајдени остатоците од бродот „Атланта“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

По 130 години, пронајдени остатоците од бродот „Атланта“

Бродот „Атланта“, за кој се мислеше дека е засекогаш загубен, е пронајден на дното на езерото Супериор во Северна Америка.

По 130 години, пронајдени остатоците од бродот „Атланта“

Потонатиот брод е пронајден на 56 километри од Еленскиот парк во Мичиген, по 130 години, и е добро зачуван, а се наоѓа на длабочина од 198 метри.


За откривањето на потонатиот брод е одговорно Историското друштво за потонати бродови во големите езера, а според нивните податоци, бродот долг 16 метри е откриен со помош на сонар во соработка со компанијата „Марин соник текнолоџи“.


Бродот „Атланта“ носел јаглен кога потонал за време на бура на 4 мај 1891 година, додека го влечел паробродот „Вилхелм“. Седумчлениот екипаж се качил на чамецот за спасување и по неколкучасовно веслање стигнал до брегот, но додека се обидувал да стигне, чамецот се превртел и преживеале само две лица.


Остатоците од бродот се снимени со помош на брод на далечинскиуправувач и беше откриено дека се добро зачувани благодарение на студените води на езерото Супериор.

Извор: novamakedonija.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде