Vrabotuvanje.com - Нова американска фабрика влегува во Македонија: ќе вработи 500 работници
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Нова американска фабрика влегува во Македонија: ќе вработи 500 работници

Планирано е да бидат вработени околу 500 лица.

Нова американска фабрика влегува во Македонија: ќе вработи 500 работници

Американската компанија “Дура Аутомотив Системс“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје ќе започне со изградба на својот производствен процес.

Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство во Македонија со отворање фабрика на површина од околу 16.000 метри квадратни, а според најавите, се очекува да почне со работа следното лето.

Планирано е да бидат вработени околу 500 лица. 

Иницијално, производството во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. 

Фабриката во Македонија ќе биде 37-та инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанија „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот. 


 

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде