Vrabotuvanje.com - ДЗС: Просечната месечна нето-плата по вработен во јануари изнесува 29 980 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ДЗС: Просечната месечна нето-плата по вработен во јануари изнесува 29 980 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, изнесува 44.762 денари и е за 6,1 отсто повисока отколку во јануари 2021 година.

ДЗС: Просечната месечна нето-плата по вработен во јануари изнесува 29 980 денари

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.9 %), Други услужни дејности (13.8 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.6 %) и други услужни дејности (5.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29 980 денари.

извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде