Vrabotuvanje.com - Почина творецот на GIF-овите
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Почина творецот на GIF-овите

Седумдесет и четиригодишниот Стивен Вилхајт, познат како човекот кој ги измисли GIF-овите, почина како последица на инфекција со коронавирусот.

Почина творецот на GIF-овите

Информацијата за смртта на Вилхајт ја потврди неговата сопруга Кетлин. Вилхајт починал во кругот на семејството, а во неговиот некролог стои дека останал скромен, љубезен и добар човек и покрај неговите големи достигнувања.

Вилхајт работеше на GIF (правилен изговор е џиф) или Graphics Interchange Format, кој сега се користи за реакции, пораки и шеги. Тој беше вработен во Compuserve во 80-тите и се пензионираше во раните 2000-ти. Времето го поминувал патувајќи, кампувајќи и правејќи модели на воз во неговиот подрум.

Иако GIF сега е синоним за анимирани мемиња на Интернет, ова не беше причината поради која Вилхајт го создаде форматот. GIF настана во доцните 80-ти како начин за дистрибуција на „графики со висок квалитет и висока резолуција“ во боја во време кога брзината на интернетот беше многу побавна отколку денес.

„GIF-от го измисли потполно сам, го направи дома и го однесе на работа откако го усоврши. Сè смислуваше приватно, во својата глава, а потоа програмираше на својот компјутер“, изјави сопругата Кетлин.

Вилхајт ја доби и наградата за животно дело на Webby токму за измислувањето на GIF-от.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде