Vrabotuvanje.com - Кои се симптомите и како да се избориме со пролетниот замор?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кои се симптомите и како да се избориме со пролетниот замор?

Со првите денови на пролетта дојде и пролетниот умор кој ни ја одзема енергијата и спречува да бидеме продуктивни.

Кои се симптомите и како да се избориме со пролетниот замор?

Пролетниот умор го препознаваме по недостигот на енергија. Голем број луѓе кои страдаат од метеоролошки тегоби секоја промена на времето ја чувствуваат како драстична промена во организмот.

Пролетниот умор, исто така, предизвикува раздразливост, ненадејни промени во расположението, пад на имунитетот. Со оглед на тоа што е скоро невозможно да го избегнеме, ни останува да го дочекаме подготвени.

Постојат неколку здрави методи кои ќе го подготват организмот што подобро да се соочи со последиците од уморот. Една од нив е промена на начинот на исхрана.

Овие денови, исхраната треба да се базира на свеж зеленчук и овошје, пилешко, зеленчукови супи, свежо цедени сокови и смути. Овој начин на исхрана барем накратко ќе го подобри имунитетот и ќе го зголеми нивото на енергија.

Важно е да спиете најмалку осум часа здрав и квалитетен сон и да практикувате активно вежбање секој втор ден.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде