Vrabotuvanje.com - „Магијата е во воздухот“ – нова детска кампања на Nike
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Магијата е во воздухот“ – нова детска кампања на Nike

Брендот за спортска опрема Nike одбележува 34 години од лансирањето на линијата Air Max. Пред скоро време, пак, Nike се приклучи на виртуелниот свет на онлајн играта Roblox. Овие две работи се комбинираат во новата детска кампања на брендот, насловена „Magic is in the Air“ („Магијата е во воздухот“).

„Магијата е во воздухот“ – нова детска кампања на Nike

Централниот спот на кампањата прикажува три деца кои успеваат да постигнат фантастични работи со помош на сопствената имагинација и патиките Air Max, евентуално „летнувајќи“ во метаверзумот и сретнувајќи се меѓусебе во виртуелниот свет на Roblox.

Кампањата ја проткајува разиграната природа на младите, наследството на култниот бренд за спортска облека и иновацијата на метаверзумот за да создаде врска помеѓу младите луѓе и производот.

извор: marketing365.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде