Vrabotuvanje.com - Цветниот рај во Холандија отворен за посетители
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Цветниот рај во Холандија отворен за посетители

Откако пред две години беше затворена поради пандемијата на ковид-19, „Кеукенхоф“, најголемата цветна градина во Европа, која се наоѓа во Холандија, повторно е отворена за посетителите.

Цветниот рај во Холандија отворен за посетители

Благодарение на „Кеукенхоф“, Холандија стекна репутација на земја на лалињата. Оваа градина се занимава со одгледување и продажба на цвеќе, а за посетителите е отворена само во текот на април и мај.

„Кеукенхоф“, втора по големина цветна градина во светот, се наоѓа во холандскиот град Лисе. Отворена е веќе 73 години и има важно место во туризмот на земјата.

Брит Варкевисер од одделот за односи со јавноста, изјавила дека годинава во градината се насадени седум милиони лалиња од околу 1.600 вида. Некои од лалињата во „Кеукенхоф“ добиле имиња по познати светски личности, како: Ван Гог, Рембрант, Бетовен, Ајнштајн, Кант, Маркс, Гете…

Според официјалните податоци, овој цветен рај го посетуваат голем број домашни и странски туристи, најмногу од Германија, САД, Франција, В. Британија и Кина.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде