Vrabotuvanje.com - 846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш

Конечно е објавена листата на автомобили кои кон крајот на февруари потонаа со товарниот брод Фелисити Ејс сред Атлантски Океан. Според „Топ гиар“, најголема штета претрпеле „Ауди“, „Бентли“, „Ламборџини“ и „Фолсваген“.

846 „ауди“, 589 „порше“, 190 „бентли“ завршија на дното на океанот засекогаш

Поточно, на дното на океанот има 846 „ауди“ (A5, e-Tron, e-Tron GT, Q2, Q3, TT), 589 „порше“ (Cayenne, Macan, Panamera, 718 Boxster), 523 „фолсваген“ (Golf, ID .4, Taigo, Caddy, Transporter), 190 „бентли“ (Bentayga, Flying Spur, Continental GT) и 85 „ламборџини“ (Urus, Huracan, Aventador).

Во морето модели што производителите имаа намера да им ги испорачаат на купувачите, имаше и автомобили во приватна сопственост. Така, Kia Soul 2014, Volkswagen Jetta (2017), BMW 750 (2007), Ford Mustang (2015), Honda Prelude (1996) и Land Rover Santana од 1977 година потонале на бродот за време на транспортот во Америка.

Извор: republika.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде